

About DigiArcheoSpace
Проектот има за цел да го модернизира високото образование преку обезбедување на едукативни материјали и современи алатки за документирање и претставување на културното наследство во археологијата (дигитална археологија). Развиената Рамка на компетенции, системот за управување со учење, едукативните видеа, прирачникот и обуките имаат за цел да ги унапредат знаењата и вештините на универзитетските професори, архивари и експерти кои работат во областа на дигитализација на археолошкото културно наследство.
Проектот комбинира развој на едукативни материјали, обуки, размена на искуства и активности за промоција, вклучувајќи:
- Развој на Рамка на компетенции и Систем за управување со учење базиран на пристапот на микроквалификации;
- Изработка на едукативни видеа, прирачник и други материјали прилагодени за високо образование;
- Обуки и размена на искуства во областа на дигиталната археологија;
- Промоција и дистрибуција на резултатите меѓу институции од високото образование и други едукативни/обучувачки организации.
Целни групи
Главната целна група ја сочинуваат:
- Едукатори во областа на дигитализација на археолошкото културно наследство;
- Професори/наставници на универзитети во областите археологија, историја на уметност, архивистика и библиотекарство;
- Стручњаци кои работат на проекти за дигитализација поврзани со археологијата.
Покрај главната целна група, потенцијални корисници се и студентите од областите археологија, историја на уметност, архивистика и библиотекарство.


Резултати од проектот
Проектот ќе резултира со следните главни (но не и единствени) резултати:
- Рамка на компетенции со исходи од учење што служи како основа за микро-единици (образовни модули) според пристапот на микро кфалификации;
- Образовни модули базирани на пристапот на микро кфалификации;
- Едукативни филмови;
- Систем за управување со учење (LMS) со модули базирани на пристапот на микро-креденцијали;
- Водич за наставници;
- Тренинг-курс;
- Мултипликативни настани и финална конференција;
- Активности за размена и дисеминација.
Некои фотографии од DigiArcheoSpace




Партнери на проектот
Контакт во врска со веб-страницата
Организација | Личност | Контакти |
Student Computer Art Society /SCAS/ | Boryana Savova | 10 Narodno sabranie sq, 1000 Sofia, Bulgaria tel: +359 2 9870293; e-mail: bsavova@scas.bg |